Ким Јонг-хјун, министерот за одбрана на Јужна Кореја поднесе оставка од функцијата, само еден ден по хаосот во Сеул, предизвикан од прогласувањето на воена состојба од страна на претседателот Јун Сук Јеол.
Јеол прогласи воена состојба, по што настана хаос на улуциет низ главниот град Сеул, што резултираше со гласање во Парламентот за укинување на одлуката.
Покрај Јонг-хјун, оставка поднесоа и негови блиски соработници на претсеателот Јун, меѓу кои и неговиот шеф на кабинетот.
Шест опозициски партии денеска покренаа постапка за отповикување на Јун Сук Јеол.
