Министерот за внатрешни работи на Албанија поднесе оставка, Рама потврди и побара извинување од семејството на убиеното момче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Додека пред Министерството за внатрешни работи се одржува вториот по ред протест за убиството на 25-годишниот Клодјан Раша од страна на полициски службеник, албанскиот премиер Еди Рама преку видео порака јавно побара извинување од семејството на момчето.

Тој исто така соопшти дека министерот за внатрешни работи Сандер Лешај си поднесол оставка од морални причини.

Рама рече дека министерот Лешај претходно му ја најавил оставката додека бил во САД и оти денеска имал средба со него. Но, според Рама „предметниот настан е посебен случај на полицаец“.

-Полицаецот е само трагичен исклучок што го консолидира правилото дека полицијата е заштитничка на граѓаните. Веднаш по добивањето на трагичната вест, министерот Лешај ми ја стави на располагање својата оставка. Ми рече дека тоа е во ред. Му реков да ме почека да се погледнеме во очи. Се сретнавме денеска и горд сум на чувството и ставот на Сандер Лешај. Денес не се сите исти. Тој нема никаква врска со трагичниот чин, но како морален чин си поднесе оставка, рече Рама.