Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски позитивен на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„И покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19“, напиша на социјалната мрежа Фејсбук, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој вели дека клиничката слика му е добра, има благи симптоми и веќе се наоѓа во домашна изолација.

„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се“, вели Спасовски на Фејсбук.

Спасовски беше во изолација и во месец април кога беше на функцијата технички премиер по состанокот одржан во Куманово, каде присутен беше и градоначалникот кој тогаш чекал резултати, а подоцна истите беа позитивни.