Министерство за здравство: Стартува кампањата #НосиМаска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата на РСМ и Министерството за здравство започнуваат кампања за носење маски со цел поддршка на Законот и подигнување на свеста на граѓаните од важноста на  почитување на мерките и препораките на Комисијата за заразни болести за заштита од корона вирусот.

Кампањата која ќе оди со слоганот  #НосамМаска, е подржана и ќе биде промовирана од страна на сите функционери членови и поддржувачи.

„Целта ни е да се подигне свесноста за тоа колку е важна заштитата од коронавирусот. Носењето на заштитни маски на отворен и во затворен простор е општо прифатена мерка за заштита во цела Европа. Тоа е засега наједноставен и најсигурен начин да се спротивставиме на пандемијата. 

#НосиМаска одговорност која треба да ја прифтиме, почитуваме, споделиме и применуваме.“, велат од Министерството за здравство.