Министрите Османи, Харадинај-Стубла на видео средба упатија честитки до албанскиот колега Цакај по повод Денот на независноста на Албанија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денес, 28 ноември, по повод Денот на независноста на Република Албанија, се реализира видео средба на министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Косово и Албанија, Бујар Османи, Мелиза Харадинај–Стубла и Гент Цакај.

Упатувајќи срдечни честитки до албанскиот хомолог Цакај, на овој убав настан за државата Албанија и албанските граѓани, министрите Османи и Харадинај-Стубла, искажаа задоволство за степенот на соработка меѓу трите пријателски држави и взаемната посветеност на градење на добрососедски односи, како гаранција за стабилна и просперитетна европска иднина на регионот во целост.

Соговорниците се сложија за важноста да се продолжи со позитивниот тренд во односите и соработката, потенцирајќи дека солидарноста, меѓусебното разбирање и поддршката се темели врз кои може да се градат долгорочни хармонични односи и партнерство.