Минус еден степен утрово во Берово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако утринските температури на места се спуштија до нулата, денешниот ден во земјава ќе донесе претежно сончево време и значително повисоки дневни температури. Најстудено утрово е во Берово, каде се измерени минус еден степен Целзиусов, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според податоците на УХМР, во Битола се измерени 2 степени, во Струмица 3, а во Демир Капија, Скопје-Петровец, Тетово, Крива Паланка и Маврови Анови 4 степени Целзиусови.

Температура од 5 степени е измерена на Попова Шапка, во Велес, Штип, Куманово, Прилеп и Претор. Во Охрид, Гевгелија, Кавадарци и Скопје-Зајчев Рид утрово се измерени 6 степени, во Крушево 7, а во Виница 8 степени.

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи од 20 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува сончево време, со слаб до умерен ветер од северен правец, а дневната температура ќе достигне до 25 степени.