Утрово најстудено во Берово каде се измерени -12 степени.
Следуваат -11 во Крива Паланка, -10 во Демир Капија, Kрушево, Попова Шапка, -9 во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Тетово, Mаврови Анови, -8 во Струмица, Штип, Кавадарци, Велес, Охрид, Претор, -7 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Виница, -5 во Гевгелија.
Најмногу снег има на Попова Шапка каде се измерени 26 см, 15 см има Крушево, 4 Ѓуриште, 2 Тетово, Берово.
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
