Мобилниот оператор А1 Македонија, денеска ја промовираше својата најнова понуда, во која на корисниците им се дава 100 ГБ мобилен интернет месечно.
На промоцијата на оваа понуда, Извршниот директор на А1 Македонија Методи Мирчев кажа дека нивниот мобилен оператор има најголем број корисници во земјава.
„АЕК пред пола година, излезе со извештај и потврди дека А1 Македонија има не само најбрза мрежа, туку и од аспект на говор и воспоставување на повици и тоа е потврда на сите заложби и инвестиции кои ги правевме во минатиот период. Денеска сакаме да го споделиме дека А1 Македонија е најголемиот оператор во Македонија во мобилниот сектор, и тоа се истражувања и официјални извештаи од АЕК кои констатираат дека како оператор имаме најголем број на корисници, но не само волумен на корисници, туку и по процентот на говор или податочен сообраќај кој го оддржуваме и кој го оди во висина од 53%, и тоа само го потенцира фактот за големината на А1 Македонија. Денеска сме тука да ја презентираме најновата понуда на А1 Македонија, а тоа е дека на корисниците им се дава 100 гигабајти мобилен интернет секој месец. Сметаме дека оваа понуда ќе одекне силно и ќе ја трансформира индустријата во овој временски период“, рече Мирчев.
