Мирис на горење, но воздухот не претставува опасност по здравјето – министерот Алиу препорачува да не излегувате надвор без потреба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мирисот од горење во депонијата Дрисла и Вардариште е непријатен, но квалитетот на воздухот не е на ниво на загадување што би предизвикало здравствени проблеми кај граѓаните, покажаа анализите на Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство, изјави министерот Азир Алиу.

-Сепак, препорачувам граѓаните да не излегуваат надвор освен ако не е неопходно и проценувам дека во иднина ќе имаме работна група која може да помогне со здравјето на граѓаните, предизвикано од воздухот, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.

Со доаѓањето на есенско-зимската сезона, се зголемува и бројот на инфекции и заболувања во горните и долните дишни органи. Директорот на болницата „8 СЕПТЕМВРИ“ вели дека се подготвени да се справат во случај на зголемен број на пациенти, и апелираше до лицата со хронични заболувања да се вакцинираат навреме.

-Квалитетот на воздухот мора да се следи, во соработка со Министерството за здравство, мора да бидеме блиску до граѓаните 24 часа на ден за да можеме да го поминеме овој период со што е можно помал број сериозни респираторни заболувања, а претпоставувам дека во февруари Министерството за здравство ќе излезе со препораки во врска со хронично болните лица кои мора да се вакцинираат против сезонски грип, бидејќи доаѓа сезоната кога ако не се вакцинираат на време, амбулантните возила ќе бидат полни со пациенти со такви симптоми, изјави Синиша Стојаноски, директор на „8 Септември“.

Вчера, државните мерни станици покажаа зголемување на загадувањето со PM10 честички во воздухот. Од Водно, Скопско беше видливо под чад.
Но, денес, дури и по дождот, мерните станици покажуваат добар квалитет на воздухот.