ВИДЕО: Мицески ги повика турските партија да бидат дел Влада – им понуди едно заменик министерско место

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бејџан Иљас во својот говор на седницата за избор на нова Влада рече нема можност да говори на својот мајчин јазик, бидејќи тоа не е овозможено во Собрание. Додаде дека ниту нивната иницијатива за една изборна единица не е прифатена, а се пожали и дека во актуелната но и минатите Влади во Македонија немало досега претставник Турчин. По ова следуваше директна покана од страна на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски за влез во Влада.

„Да влезете во Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и ова парламентарно мнозинство и сите заедно да можеме да работиме на подобрување на работите во државата. Во моментов може да понудиме едно заменик министерство место. Повелете влезете во Владата и заедно да работиме за предизвиците“, изјави Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

На ова следуваше реплика од Бејџан Иљас од Демократската партија на турците во Македонија.

„Ви благодарам за поканата. Ние како партија имавме разговори со сите партии, ние тогаш се водевме согласно принципите и укажувањата на органите на партијата и затоа одлуката која ја донесовме и за тоа што сме дел од Европскиот фронт беше дел од тие одлуки. Не само во новата Влада, туку и во поранешните Влади немаме претставник Турчин“, изјави Бејџан Иљас.