Премиерот Христијан Мицкоски, денеска рече дека Али Ахмети продолжува да биде фактор на нестабилност и дека притисокот од страна на ДУИ и СДСМ кон уставните судии продолжува.
„Веќе сме навикнати на изјавите на Ахмети, и тој продолжува да биде фактор на нестабилност, да повикува со таа воинствена реторика на немири и на нестабилност. Албанците и сите граѓани се свесни за лично тој што направи во изминатите 20 години. Притисокот кон уставните судии од страна на Бихачка и од Мала Речица продолжува. Продолжуваат ДУИ да бидат фактор на нестабилност и тоа мене ме загрижува, а ги загрижува и нашите меѓународни партнери“, рече Мицкоски.
Тој одговори на соопштението на ДУИ каде пишува дека Мицкоски користејќи ја власта се заканува кон опозициските политичари.
„Не би рекол дека се заканувам, инаку треба да бидат загрижени политичките криминалци. Соопштението се однесува за моја изјава дека обвинители за кои кажав дека кога ќе треба да реализираат акција против криминалци од минатото, тогаш добиваат вируси, температура, настинка, и после веќе другиот ден е стара вест. И претопставувам дека се вознемирени, затоа што тие се навикнати на глава да им седат на глава на обвинителите“, кажа Мицкоски.