Мицкоски: Денеска ќе бидат доставени имињата на новите министри во Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во текот на денешниот ден се очекува до Собранието да бидат доставени имињата на новите министри по реконструкцијата на Владата, пренесува ТВ21.

„Се собираат биографиите. Мислам дека денеска треба, задолжен е човекот што е за кадровски прашања, секретарот за кадровски прашања во мојот кабинет, мислам дека во текот на денот ќе ги достави. Вчера, мислам дека уште две недостасуваа, формалност е тоа“, изјави Мицкоски.