Мицкоски дециден: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на Гаши

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека нема никаков основ за интерпелација на претседателот на Собранието Африм Гаши.

Тој вели дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи таква интерпелација.

„Апсолутно, нашиот став е јасен како ВМРО-ДПМНЕ и како пратеничка група на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека ова е незрело, би рекол глупаво однесување на коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица и дека апсолутно нема никаков основ за интерпелација на спикерот Гаши. Ние нема да ја поддржиме таквата иницијатива“, изјави Мицкоски.

Како што вели, има голем број аргументи за тоа зошто не ја поддржуваат интерпелацијата.

„Затоа што разликата на водењето на Македонија меѓу оваа Влада и онаа Влада предводена од СДСМ и ДУИ е огромна, односно тоа веќе и се чувствува и насекаде можете низ Македонија да забележите дека надежта кај граѓаните е дека конечно ќе успееме, дека доста се порази и дека конечно ќе почнеме да победуваме“, изјави Мицкоски.