Мицкоски до иницијаторите за вонреден конгрес: Дојдете да разговараме и заедно да го поразиме СДСМ и Зоран Заев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Христијан Мицкоски денеска им порача на иницијаторите кои бараат вонреден конгрес за негова смена и за нов претседател, им одговори дека нема намера да поднесе оставка, и ги повика на разговор за заеднички да ја поразат оваа власт.

„Јас реков дека немам намера да поднесам оставка, бидејќи тоа оди во прилог на СДСМ и на Зоран Заев. Тоа би било кукавички чин, и затоа ќе останам да се борам до крај.

Иницијаторите ги повикувам да дојдат во партијата, заедно да разговараме и заедно да го поразиме ова зло, односно СДСМ и Зоран Заев“, рече Мицкоски.

Тој исто така најави масовни протести против оваа власт.

„На оваа влада сега ќе се случи народ. Ќе излеземе на масовни протести за да ја поразиме оваа власт“, изјави Мицкоски кој ги нарече парламентарните избори „кланица“.