Мицкоски „фатен“ како прави прекршок – седел во кафеана, ги прекршил протоколите за Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако е донесена одлуката за отворање на угостителските објекти, пазарните инспектори извршиле инспекции на терен. Инспекциите се прават во координација цо МВР и Специјалната единица.

Но вчера во Дебар Маало во Скопје инспекторите го фатиле лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски како седел во внатрешен дел од локал нешто што е спротивно на протоколот. Инспекторите два часа стоеле пред објектот и не им било дозволено да извршат инспекција а внатре забележале како седи партиски лидер, објасни шефицата на секторот за инспекција во Пазарниот инспекторат, Мери Проја Продановска.

Со инспекторите била и специјалната единица, која не била ангажирана со команда на шефот на СВР, Ристо Ставревски туку со команда на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски кој доаѓа од СДСМ.

Целата оваа ситуација предизвика реакција од дополнителната министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска која го политизираше случајот. Дека во локалот бил Мицкоски изјави самиот тој. На Фејсбук тој напиша дека не бил добро запознаен со протоколот и доколку е потребно ќе плати казна.

„Да, точно е дека бев со двајца мои познаници во ресторан во Дебар Маало, прв пат по укинувањето на забраната за посета на угостителските објекти, поради што и не бев информиран доволно за новите протоколи. Ако тоа е мојот најголем грев и моја грешка и пропуст, јас тоа го признавам и подготвен сум да платам парична казна поради тоа“, истакна Христијан Мицкоски, Лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Дека инспекторите само ја вршеле својата работа и да не се политизира случајот апелираше и директорот на ДПИ, Стојко Пауновски.

И додека инспекциите на Инспекторатот станаа причина за преписки меѓу институциите, во Паркот во Скопје се собираат млади без маски и без почитување на физичкото растојание.