Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека неговата советничка група во општина Чаир, гласала против промената на имињата на училиштата. Тој напомена дека имињата како имиња не му пречат, колку што му пречи начинот на кој е направено тоа.
„Јас би бил среќен доколку тие училишта бидат полни, доколку имаат одлични услови за настава, и други работи. Не коментирам имиња, коментирам за начинот на кој се сменети, а тоа, според нас, е незаконско. Нашата советничка група во таа општина гласаше против, и тоа го кажува нашиот став по ова прашање“, рече Мицкоски.
Вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев прво истакна дека промената на имињата е незаконско, но денеска веќе се премисли и на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека било се според Законот.
