Мицкоски: Го повикувам Заев на тет-а-тет средба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Го повикувам Заев во Клубот на претеници на тет-а-тет средба, ден и време кога тој ќе избере, реќе вечерве лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Сител.

„Да разговараме за сите оние проблеми кои се од животно значење. Од кризата со пандемијата до работата на парламентот. За се она што отворено во моментов и стои на маса“, рече Мицкоски.

Прашан, дали и другите лидери на политички партии ќе бидат повикани, на што Мицкоски рече дека зборува за тет-а-тет средба помеѓу двајца, двајца лидери од двете најголеми политички партии односно партии кои имаат најголем број пратеници во парламентот.

„Се надевам дека нема да бидам погрешно сфатен од страна на останатите политички лидери, бидејќи целта ми е искрена. Целта ми е да постигнеме конценсуз меѓу двете најголеми политички партии“, додаде Мицкоски.

Додава дека ќе разговараа на сите теми од, корона, вакцини, блокирање на ЕУ интеграции, избори, експертски и широки влади, национален спас и слично.