Мицкоски го предизвика Заев на ТВ дуел

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил го предивика на дуел лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој истакнува дека во изминативе две недели на негова адреса пристигнале две понуди за ТВ дуел со Заев.

„Јас и двете понуди за ТВ дуел со задоволство ги прифаќам, затоа што не бегам од соочување и не бегам од вистината, а Заев е тој кој е должен да одговори и да се соочи со фактите кои се одраз на вистината. За мене принципите и вредностите се тие кои треба да го движат општеството, а нема вистина без принципи“, посочи Мицкоски.