Мицкоски им го честиташе на верниците празникот Успение на Пресвета Богородица, а на рударите им посака „Среќно“ по повод нивниот ден

НАЈНОВИ ВЕСТИ

При посетата на манастирот „Успение на Пресвета Богородица” во Берово, премиерот Христијан Мицкоски им го честиташе на православните христијани верскиот празник Успение на Пресвета Богородица.

„Најпрвин да го честитам големиот христијански православен празник на сите верници коишто денеска го слават, на православните христијани, а на сите граѓани да им посакам здравје, среќа и успех за нив и нивните семејства“, рече Мицкоски.

Воедно, тој не заборави да им честита и на рударите по повод нивниот празник.

„Исто така би сакал на рударите, бидејќи ова е нивен ден, да им посакам „среќно“ кога влегуваат во рударските окна и да посакам, нормално, безбедна работа, работа која што ќе значи подобра иднина за граѓаните и за Македонија“, изјави премиерот.