Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во обвинителството и судството се жилави, ќе биде тешка борба против нив

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска при постетата на Тутунскиот комбинат во Прилеп, зборуваше за обвинителството и судството.

Тој кажа дека секогаш кога се правела акција против некој криминалци од минатата власт, секогаш обвинителите и судиите имале стомачен вирус, температура и главоболка.

„Инсталациите на ДУИ и СДСМ во обвинителството и судството се жилави. И заштитата на тие обвинители и судии е од епски размери. Често пати во изминатите пет месеци откако сме влада, се случува некој од обвинителите да имаат стомачни проблеми, главоболки, температура, кога ќе треба да се преземе акција против криминалци кои беа симбол на едно минато владеење. Не верувам дека оваа борба ќе биде кратка, затоа што тие инсталации се жилави, малкумина се, но се уште слепи послушници на претходната влада, но ние ќе победиме. Ве уверувам дека ќе победиме“, рече Мицкоски.