Премиерот Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање објасни зошто Владата не интервернирала во акцизите за горивата, туку се одлучи да го намали ДДВ-то од 18 на 10%.
„Прво треба да кажам дека како земја имаме најниски давачки кон владата, кога станува збор за дизел горивата и бензините. Правевме анализа, и имајќи ги во предвид цените на берзите за безоловниот бензин, дојдовме до заклучок дека ако интервениравме во акцизите, тогаш намалување на бензините ќе беше 1 денар по литар, а за дизелот 2 денари по литар. Затоа одлучиувме за поробусна интервенција, и вака се намалуваат за 6-6,5 по 7 денари денари по литар. Сакавме ваква интервенција за веднаш да почувствуваат граѓаните, односно да нема драматично зголемување на цената кое би удрило на стандардот на граѓаните“, изјави Мицкоски.
