Мицкоски: Ќе се проверуваат сите компании кои добиле лиценци за производство на канабис

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека ќе биде донесена одлука, за да се проверуваат сите компании кои добиле лиценци за производство на канабис, после скандалот со заплена од околу 40 тони нелегална марихуана.

Мицкоски кажа дека нема да биде изненаден ако се дојде и до бројката од 100 тони.

„Го најави тоа дека во периодот кој следи да се направи проверка и во други објекти и очекувам на Влада денеска да се донесе тоа задолжение. Очекувам ваков тип на одлуки да бидат донесени, и следните денови да се проверат сите компании кои добиле лиценци за производство на канабис за медицински цели. Нема да бидам изненаден ако дојдеме до 100 тони“, изјави Мицкоски.