Мицкоски на Самит во Брисел: Антонио Кошта и Бојко Борисов зборувале за Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски замина за Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, каде една од главните теми ќе биде проширувањето на Унијата. Покрај Самитот, најавено е тој да се состане со еврокомесарката Каја Калас, шпанскиот премиер Педро Санчез и полскиот премиер Доналд Туск. Советот на Унијата во своите заклучоци веќе порача дека Македонија е неопходно што поскоро да ги усвои уставните измени за да продолжи по патот, но во меѓувреме зад затворени врати течат дискусии за изнаоѓање решение, односно гаранции какви што посакува Скопје за да го отвори Уставот. Домаќин на Самитот ќе биде новиот претседател на Советот, Антонио Кошта кој на темата за Македонија телефонски разговарал со мандатарот за состав на нова бугарска Влада, Бојко Борисов. Борисов вели дека новата Влада би требало да ја врати лидерската позиција на Бугарија на Балканот.
https://www.youtube.com/watch?v=OW8ZIGuMNDs

„Од разговорот разбрав дека овие години течеле многу процеси за Северна Македонија во Брисел, кај нашите партнерски држави од НАТО. Загубено е многу време во објаснувањата кои требаше да ги дообјаснувам и едноставно бев изненаден, така што должни сме направиме Влада и да застанеме многу цврсто на позициите“, изјави претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

Додека премиерот Мицкоски лобира за ставовите на Скопје, еврокомесарката за проширување Марта Кос ги подели земјите-кандидатки во две групи, а Македонија ја спомена заедно со Босна и Херцеговина.

„Црна Гора, Србија и Албанија ја изразија јасната волја да ги завршат пристапните преговори до крајот на 2026 и соодветно 2027 година, а Комисијата е подготвена да ги поддржи во исполнување на нивните цели. Ќе продолжам да ги поддржувам Босна и Херцеговина и Северна Македонија на нивниот европски пат“, изјави еврокомесарката за проширување, Марка Кос.

Претходно евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас истакна дека премиерот Мицкоски ќе има повеќе билатерални состаноци во Брисел и се надева дека резултатите од Самитот ќе овозможат побрз пат за евроинтеграцијата за Македонија.