Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Како што вели, се разговарало за европскиот пат на Македонија.
„Денеска во Брисел остварив средба со Антонио Кошта. Разговаравме за европскиот пат на нашата земја, за важноста од зачувување на европските вредности и за поддршката што ја добиваме во процесот на интеграции. Разменивме искуства и идеи за тоа како да го забрзаме напредокот и како да создадеме подобри можности за граѓаните. Ваквите средби се од големо значење, бидејќи ја потврдуваат нашата посветеност кон европската перспектива и ја зајакнуваат соработката со европските партнери“, вели Мицкоски.
Денеска во Брисел остварив средба со Антонио Кошта. Разговаравме за европскиот пат на нашата земја, за важноста од зачувување на европските вредности и за поддршката што ја добиваме во процесот на интеграции.
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) November 4, 2025
Разменивме искуства и идеи за тоа како да го забрзаме напредокот и… pic.twitter.com/vQggodZZT1
