Мицкоски на средба со швајцарскиот претседател: Да ги зајакнеме односите во делот на економската соработка и трговската размена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во посета на Скопје денеска допатува швајцарскиот претседател Ги Пармелан, кој се сретна и со премиерот Христијан Мицкоски.

По средбата, Мицкоски истакна дека очекува да се продлабочи соработката на економски план, и да се зајакне трговската размена.

„Разговаравме за сите можности, за предизвиците, но и за сето она кое нѐ поврзува и како сето тоа да го зголемиме и засилиме во периодот којшто следува. Убеден сум дека нашите билатерални односи ќе го достигнат нивото кое го очекуваме, посебно во делот на економската соработка и трговската размена“, рече Мицкоски.

Премиерот изрази голема благодарност до Парлемал за целокупната помош и поддршка која Швајцарија ја дава на Македонија.