Се размислува за изградба на нов Клинички центар. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, кој напомена дека локацијата би можела да биде во близина на базенот и спортскиот центар Борис Трајковски, и да се поврзе со „8-ми Септември“ и „Букурешт“.
„Размислуваме и за големиот Клинички центар, кој би требало да се изгради во Скопје. Разгледуваме локација пред базенот „Борис Трајковски“. Таа локација е на два булевари, има пристап до гас, и е блиску до обиколницата, што значи дека не само за главниот град и за Македонија како држава, туку ќе може да привлекуваме пациенти и од соседните земји кои ќе ги користат услугите на овој, модерен Клинички центар. Планот е под булеварот Илинденска да се направо топол подземен премин, кој што ќе се поврзе со постоечката „8-ми Септември“. Тука се напѓа и ПЕТ центарот кој исто така го развиваме во моментов и сето тоа е поврзано со поликлиниката Букурешт. Тоа значи дека проектот ќе опфати еден целосен заокружен комплекс“, рече Мицкоски кој додаде дека таа парцела е приватна сопственост, и има преговори со сопственикот за замена на земјиштето.
Мицкоски додаде дека следната година би можеле да почнат првите активности.
