Мицкоски: Не би го коментирал тоа што го најавив, ново парламентарно мнозинство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Долг период Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најавува ново парламентарно мнозинство.

Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 претседателот на опозицијата не сакаше да го коментира многу.

„Се случи тоа што се случи, не би го коментирал. Неколку дена откако бев инфициран се случи таа блицкриг седница во Парламентот. Наместо да се искористи за гласање на некој закон за помош, но се злоупетреби за продолжување на кариерата на Зоран Заев, и во ред“, рече Мицкоски, и додаде:

„Секој зрел политичар, секој политичар кој мисли добро во Македонија, без разлика дали е СДСМ, ДУИ… ако мисли добро на државата и на граѓаните, нема повеќе да го поддржува ова мнозинство во парламентот, бидејќи ова мнозинство ја води Македонија во амбис“, дополни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.