Мицкоски: Не, благодарам за францускиот предлог – „во него се ставени сите бугарски барања што значи целосна бугаризација“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Францускиот предлог кој е на маса всушност е истиот кој веќе еднаш беше одбиен и се работи само за семантички промени а Владата лаже и манипулира дека тој е добар. Ова го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ веднаш откако Владата го објави предлогот. Според него овој предлог ги содржи сите бугарски барања  со кој ќе се менуваат учебниците, дека македонските херои биле Бугари , а за македонскиот јазик и двете страни треба да се изјаснат како го разбираат.  Спротивно на инсистирањето уставните измени да се случат на крај, тоа е предвидено да биде пред отворањето на првиот кластер од преговорите.

„Протоколот билатерален е заменет со годишни прегледи и мерки. Што подразбира мерки. Ако немате во учебниците променето дека Илинденското востание е македонско односно илинденско со бугарско преображенско тогаш не сте презеле мерки и вие не можете да напредувате односно ќе бидете подложни на вето е тоа е мерка. Точка 11 јасно стои дека Македонија нема да го отвори првиот кластер фундаменталс се додека не се случат уставните измени“, посочи Христијан Мицкоски.

Сето она што го претставува премиерот Ковачевски е срам за идните генерации рече Мицкоски и додаде дека тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати и повика на  протести.

„Одобрувањето на ваква рамка значи, или во ЕУ асимилирани и бугаризирани или секогаш да останеме надвор од Европската унија. Да излеземе сите заедно, без разлика дали сме политички определени или неопределени без разлика дали сме вакви или такви, леви или десни, либерални или конзервативни, ако на нас ни значи Македонија, ако ни значи делото на нашите претци ве повикувам утре како граѓани обични да излеземе пред платото на Владата и да кажеме едно големо Не во 19 часот“, додаде Мицкоски.

Мицкоски ја одржа прес конференцијата веднаш по онаа на премиерот Ковачевски, кој пак истакна дека во францускиот предлог се вклучени сите наши забелешки и дека позицијата е многу поволна за нас.