Претседателот Стево Пендаровски денеска во интервју истакна дека не е потребна лидерска средба за спорот со Бугарија, практично потврдувајќи го ставот и на премиерот Зоран Заев.
Свој коментар имаше и Христијан Мицкоски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21:
„Не го следев интервјуто. Тоа е неискусен политичар, како што вели Заев. Замислете сега на претседателските избори човек кој што ве промовира, ве тера да гласате за него, и на крајот вели дека е неискусен. Шегата на страна, навистина не сум го видел интервјуто на Пендаровски“, изјави Мицкоски.
