ВМРО-ДПМНЕ е во преговори со неколку партии за можна предизборна коалиција. Наши извори велат дека оваа партија исто така преговара и со албанските партии. Прашан за можните преговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Движење Беса, Христијан Мицкоски рече дека можно е и такво нешто.
Но пред еден ден Аријанит Хоџа генерален секретар на Движење Беса, негираше такво нешто. И од неговата партија велат дека не преговарале никогаш со ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев се надева на коалиција со партии од албанскиот блок.
Од ДУИ уште еднаш рекоа дека не прават претходни партнерства. Крешник Бектеши од оваа партија рече дека се убедени дека немаат конкуренција во албанскиот политички спектар.
За коалициите денеска зборуваше и лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Тој на брифинг со новинарите рече дека неговата партија може да влезе во коалиција со НДП на Весељ Мемди. Тачи ја исклучи можноста за коалиција со Беса, бидејќи според него, Беса нема политичка моќ, а рече дека шансите се мали за некаква коалиција со некоја македонска партија. Инаку вчера АА и Алтернатива официјално ја потпишаа предизборната коалиција.
