Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, не попушта за уставните измени. Вели дека расправата во Комисијата нема да трае 10 дена. Според него 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се обединети и се против внесувањето на Бугарите во уставот.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, со контра одговор. Вели дека не гласањето на уставните измени е во интерес на бугарските радикалци.
„Тоа е само популизам, знаете зошто? Не гласањето на Уставните измени е во интерес на каузата на бугарските радикалисти во два начини. Еден, секој ден што доцниме за во ЕУ, група македонци земаат бугарски пасош, за да добиете бугарски пасош треба во Софија да изјавите дека имате бугарско потекло. Нема поголема бугаризација од земањето пасош, туку бројката стигнува до 100 илјади поради одолговлекувањето на интеграциите“, вели Бујар Османи.
Шефот на дипломатијата Османи рече дека уставните измени ја уништуваат идејата на бугарските радикалци за „еден народ, две држави“. Интеграцијата на Бугарите во уставот е формализирање дека тие се два различни народи. За прв пат во уставот ќе го имате македонскиот народ како мнозинство и дел од бугарскиот народ како малцинство“, рече Османи.
