Мицкоски: Не се плашам од избори, туку од нови човечки жртви

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска уште еднаш потврди дека нема услови за избори, а властите да се погрижат за спречување на ширењето на коронавирусот.

„Наместо власта да се насочи кон справување со оваа криза, тие само повторуваат – избори па избори. И велат дека ВМРО-ДПМНЕ се плаши од избори. Не, јас не се плашам од избори, туку од нови човечки жртви“, рече Мицкоски.