Мицкоски: Очекувам во пократок период и со ССМ и КСС да испреговараме нов Општ колективен договор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата, при што беше постигнат договор за етапно покачување на платите.

Според договорот, околу 11.000 вработени ќе добијат раст на платите од речиси 40% до 2028 година.

„Ние сме подготвени како Влада да седнеме и во овој период до 2028 година, очекувам тоа да биде во пократок период заедно со двата репрезентативни синдикати, ССМ и КСС, да испреговараме еден нов Општ колективен договор којшто ќе биде единствена алатка врз основа на која ќе бидат исплаќани платите, а од друга страна ќе ја имаат и работниците“, изјави Мицкоски.

Премиерот им се заблагодари на претседателите на синдикатите, на гранковите синдикати и на УПОЗ и САДУ, истакнувајќи дека по долго време, преку конструктивен разговор, е постигнато заедничко решение.

„Нека е со среќа и очекувам уште многу вакви успешни моменти понатаму“, додаде тој.