Пораките од Самитот на ЕУ за Западен Балкан дека процесот на проширувањето за земјите од регионот е отворен според премиерот Христијан Мицкоски е најсилниот глас од Унијата во однос на евроинтеграцискиот процес. Тој смета дека француско-германскиот нон пејпер, кој веќе е операционализиран во Брисел, ќе ги подигне односите меѓу земјите од Западен Балкан и Европската унија.
„Тој документ и таа реформа овозможуваат механизам со кој што ќе имаме поголемо користење на одредени алатки од страна на земјите на Западен Балкан и тој никако не е во конфликт со проширувањето. Јас бев единствениот кој што од земјите од Западен Балкан имаше билатерални состаноци и со францускиот претседател Макрон и со германскиот канцелар Мерц и точно знам што се зборуваше на тие состаноци и точно знам што ќе следи во периодот кој што е пред нас.“, рече Мицкоски.
Мицкоски на самитот во Тиват имаше средби со Макрон и со Мерц, но не и со бугарскиот премиер Румен Радев, кој повтори дека за интеграција на земјава кон Европската унија потребно е да се донесат уставните реформи. За ова премиерот рече дека останува на својот став дека нема уставни измени се додека тие се Непринципиелно е рече тој, Бугарија да повикува на почитување на човекови права а да има 14 пресуди од Европскиот суд за човекови права.
За Самитот во Тиват, претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче нагласи дека процесот на европската интеграција влегува во клучна фаза и дека земјава мора да го искористи тајмингот во кој ЕУ јасно ги отвора вратите за проширување.
„За прв пат вака јавно и во оваа форма сите земји членки на Европската унија кажуваат дека Западниот Балкан припаѓа во Европа. Нудат механизми, за прв пат олеснителни се кој што се олеснува нашата евроинтеграција, со кој што бенефитите од членството се добиваат многу повеќе и се чувствуваат дури и за време на преговорите а не откако земјата ќе стане членка на Европската унија. Сметам дека оваа врата која треба да ја искористиме додека е отворена во оваа форма, да не ја испуштиме шансата, затоа што сепак станува збор за иднината на државата“, рече Филипче.
На Самитот во Тиват беше предложен француско-германскиот нон пејпер за воведување на систем на постепено приближување кон Европската унија.
