Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повторно ги собра новинарите на брифинг, со цел како што пристигнуваат најавите од опозициската партија, за соопштување на скандал.
Од партијата како што дознаваме ќе објават скандал во кој наводно биле вмешани владини функционери.
Последниот период ова е веќе пракса, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ новинарите и уредниците да ги повикува на брифинг.
На последниот таков брифинг беше откриена аферата со пасошите и злоупотребата на идентитетите.
