Премиерот Христијан Мицкоски по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, порача национално обединување.
Во своето обраќање претседатлеот на Владата ги потенцираше црвените линии за евроинтеграцискиот процес, и ги критикуваше политичките блокади.
Мицкоски оддаде почит кон борците од Народноослободителната борба, и нагласи дека македонскиот народ ја разбра цената на слободата, а не на покорување.
„Слободата никогаш не е подарок. Таа е избор, жртва и одговорност. Нашите предци беа на исправната страна на историјата. Имаше и такви челници на народи кои тоа не беа. Беа непријатели во оваа битка и низ нишан се гледаа. И тоа не беа администратори, туку окупатори.“, изјави Мицкоски.
Околу европската иднина на државата, Мицкоски порача дека нема никогаш да прави пазар со индентитетот.
„Пазар со идентитетот и со нашето достинство во замена за какви било лични или политички придобивки, какви што имало во нашата понова историја, никогаш нема да правам. Честа нема цена“, вели Мицкоски.
Премиерот повика на обедување околу визијата за подобар живот, обвинувајќи ги политичките противници за лицемерие. Посочи дека опозицијата се залага за интеграција во ЕУ, а од друга страна не гласа за ниту еден закон од реформската агенда.
