Мицкоски по средбата со маркетите: Нема да дозволиме профитерство и неоправдано зголемување на цените

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека одржал средба со претставници на големите маркети во земјава, на која се разговарало за состојбата со цените на производите и можностите за нивно стабилизирање.

Како што соопшти Мицкоски, Владата внимателно ја следи состојбата на пазарот и нема да дозволи појава на профитерство на штета на граѓаните. Тој нагласи дека државата нема да интервенира во пазарот без оправдана причина, но истовремено нема да остане пасивна доколку се создаде неоправдан притисок врз граѓаните.

„Со претставниците на маркетите заеднички заклучивме дека цените на производите треба да бидат фер и дека не треба да има ново зголемување“, посочи Мицкоски.

Тој додаде дека институциите и понатаму ќе ја следат состојбата на пазарот и ќе реагираат доколку се појави потреба од интервенција, потенцирајќи дека приоритет останува заштитата на интересите на граѓаните.