Мицкоски: Продолжени мерките за поевтини горива, Македонија и натаму со најниски цени во регионот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата на вонредна онлајн седница донела одлука за продолжување на мерките за намален ДДВ и намалени акцизи за горивата до 1 јуни, со што, како што рече, државата ќе продолжи да има најниски цени на горивата во регионот.

Одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новиот градски пазар во Виница, Мицкоски посочи дека мерките предвидуваат намален ДДВ за бензините, како и пониски акцизи за бензинот и дизелот.

„Со тоа ние како држава повторно сме со најниски цени на бензините и на дизел горивата“, изјави премиерот, додавајќи дека Владата планира да продолжи со ваквите политики и во наредниот период.

Тој нагласи дека, и покрај глобалната енергетска криза и предизвиците со кои се соочува светот, Македонија во изминатите месеци успеала не само да обезбеди пониски цени за домашните потрошувачи, туку и да привлече граѓани од соседните земји да точат гориво во државата.

Според владината одлука, и во следните две недели ќе остане во сила намалениот ДДВ за бензините од 18 на 10 проценти, како и намалената акциза од четири денари по литар за дизелот и два денари по литар за бензините.