Мицкоски се сретна со францускиот амбасадор Бомгартнер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадорот на Република Франција во државава, Сирил Бомгартнер, соопштија од партијата.

На средбата, како што е наведено во соопштението, тие ги нагласија добрите билатерални односни меѓу двете држави и заложбата тие понатаму да се надградуваат.

Мицкоски ги истакна неговите заложби за конкретни чекори насочени кон борба со предизвиците кои произлегуваат од Ковид-19 и неговото разочарување што Владата не испорачува конкретни резултати во таа насока.

-ВМРО-ДПМНЕ останува силно посветено кон реформски процеси насочени кон борба против корупцијата, реформа на правосудството и администрацијата, како и квалитетни економски политики. Во таа насока поддршката од партнерска Франција е од големо значење за Република Македонија, стои во соопштението.