Кога беше прашан што би го советувал претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во Click Plus на ТВ21 првично на шега одговори.
-Доколку му давам совет на г. Мицковски, можеби лошо ќе му стојат работите во ВМРО.
-Зошто?
-Бидејќи ми го земаат за лошо. Ако некому на здравје му викаш, пукни ќе му се стори…
Но сепак испрати совет – да биде поактивен во решавањето на спорот со Бугарија.
-За големите интереси на државата треба по активен да биде.
-На пример за што?
-Да се затвори прашањето, контекстот со Бугарија.
-Тој е активен за бугарското прашање…
-Активен е но зависи…
-Но е против.
-Зависи во каква позиција си активен
За да ни одговори во врска со ова, Мицкоски го најдовме на протестот кој се одржува токму за преговорите со Бугарија, за кои смета дека се водат тајно.
На крајот, како што рече, како помлад од Ахмети, Мицкоски го советува лидерот на интегративците – не му треба крајот на неговата политичка кариера вака да изгледа.