Мицкоски со ултиматум до Филипче и Хасани, Џафери нема да му ја прифати предлог-одлуката за разрешување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со ултиматум до министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани.

„Даваме рок до вторник до рано претпладне, Министерот за здравство и неговиот заменик да ги достават своите оставки до Собранието како би можело тие да бидат констатирани, на почетокот на веќе закажаната нова седница истиот ден.“, рече Мицкоски.

Но, доколку не бидат поднесени, партијата спасот го гледа во членот 184 од Деловникот.

ТВ21: Со оглед на тоа што од месец март најавуваавте дека имате мнозинство во Собранието, зошто тоа веднаш не го покренете во Собранието?

„Јас кажав дека доколку одиме по патот на интерпелација, фиоката на претседателот на Собранието Талат Џафери е преполна од такви интерпелации кои што за жал поради неговото однесување, заштитничко кон овие неспосбни кадри во Владата никогаш не доаѓа на дневен ред.“, вели Мицкоски.

„Претседателот на Собранието Талат Џафери во разговор за ТВ21 вели членот 184 се однесува на законодавна постапка во делот донесување одлуки, декларации, резолуции, но на никој начин тоа не може да биде разрешување, додавајќи дека постапката кај член 184 се покренува во фаза на второ читање.“, јавува репортерот на ТВ21.

Џафери објаснува дека доколку предлог за разрешување добие од премиерот, оставката на министер или заменик министер би се констатирала на прва наредна седница.

Премиерот Заев оставките да ги депонира до Собранието, побараа и од Алијанса за Албанците.

„Го повикуваме денеска да свика седница на Владата, да ги поднесе оставките до Собранието и Собранието да ги утврди утре без никакво одлагање. Нашето барање за политичка и морална одговорност не е ниту од далеку политизирање на овој случај како што властите имаат тенденција да го нарекуваат, туку е барање на граѓаните и законска обврска.“, рече Беким Татеши од АА.

„Оставка може да поднесе сам секој носител на јавна функција, но доколку тој е инкриминиран тогаш може и да биде и побарана оставка за него. Тоа може да го предложи премиерот до Собранието, 5 пратеници преку интерпелација, самиот функционер до Собранието, да се распушти Собранието или премиерот да поднесе оставка со што се става крај на функциите на сите министри.“, вели репортерот на ТВ21.