Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговаравме и за денешниот инцидент во Собранието на седницата за пратенички прашања кога вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во воздух и испрати бакнеж на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска.
Мицкоски вели дека лично тој досега во политиката не добил бакнеж, a вицепремиерот го нарече примитивен.
„Зарем вие се сомневате во примитивноста на тој господин, јас не се сомневам. И токму тоа што го кажа пратеничката Стојановска, тоа се и случило во денешната парламентарна седница“, истакна Мицкоски.
Тој вели дека во животот може да се глуми, но подоцна вистината излегува на виделина.