Мицкоски: Владата сака да ги врати иселениците, би бил наjсреќен доколку Американците ги затегнат условите за иселенички визи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше прашан за планот на САД за масовно одземање на визите за барателите на азил, со кој би можеле да бидат опфатени до 200.000 лица, известува ТВ21. Мицкоски рече дека сака да се заострат условите за американските имигрантски визи, бидејќи, според него, политиката на Владата е да ги врати иселениците.

„Ако може да ги затегнат условите Aмериканците за иселенички визи за македонските граѓани, јас би бил најсреќен, затоа што политиката на оваа Влада е да ги врати иселениците а не да овозможи… Aко зборуваме за туристички визи, тоа е друго. А инаку, ако можеме да ги затегнеме иселеничките визи, воопшто да не ги даваат, ние би биле најсреќни“, изјави Мицкоски.