Мицкоски: Владата се откажува од набавка на нов авион, ако се урнеме и починеме тогаш ќе стане јасно зошто нѝ треба нов воздухоплов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска на новинарско прашање рече дека Владата ќе се откаже од набавка на нов владин авион.

Тој кажа дека по средбите со лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека тој му ветил дека нема да се критикува Владата поради набавка на нов авион, но тоа не се случило.

„Воздухопловот е во возна состојба, и тие кои го управуваат иницираа да се создадат средства да се набави нов. Гледам од опозицијата реагираат, иако на неколкуте средби што ги имав со лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, тој беше многу јасен дека за ова нема да ја критикува владата, дека утре ќе биде друга влада, а воздухоловот ќе се користи за хуманитарни цели, и не го одржа зборот. И еве, ние се откажуваме поради тоа, а ако се урнеме и починеме, тогаш ќе стане јасно зошто ни треба нов авион“, рече Мицкоски.