Во угостителскиот објект Христијан Мицкоски бил со еден поранешен функционер во Владата, и со еден полициски службеник. Ова го потвди заменичката министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска на прес-конференција одржана во Владата.
Петровска образложи дека во близина биле и вработени во МВР кои не требало да бидат таму.
Претходно Петровска истакна дека најпрво вработените во објектот кажале дека бил украден снимачот на безбедносните камери, а потоа од инспекторите бил пронајден.
