Загина мотоциклист на патот Штип – Делчево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Возач на мопед без регистарски ознаки, загина по тешка сообраќајна несреќа на патот Штип – Делчево, соопштија од МВР. Повредениот починал на пат кон болница, а несреќата се случила откако во него удрило товарно возило.

„На 25.05.2026 во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат  Штип-Делчево, во близина на место викано  „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани. Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал додека бил пренесуван кон болницата во Кочани, а лекар констатирал смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани“, велат од МВР.