Мицкоски за најавеното зголемување на даноците: Оваа власт има план да му ја ‘одере кожата’ на народот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го коментираше најавеното зголемување на ДДВ и персоналниот данок кое вчера го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими за време на гостувањето на „Алсат“.

„Заев со покачување на даноците директно удира по џебот на народот. Во време на корона ќе страдаат најсиромашните, но и сите други. Се задолжија милијарди, а сега народот треба да ја плаќа нивната неспособност и криминали.

Ова е план на Заев и Бесими да му ја одерат кожата на народот. Одете си, секој ден поминат во тие фотелји е на штета на државата и народот.“, напиша Мицкоски на својот „Фејсбук“.