Мицкоски за својата здравствена состојба: Пеколно тежок ден, се борам со болеста, тешко дишам, главата ми пука од температура

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Христијан Мицкоски по денешниот статус на „Фејсбук“, откри дека денеска му било многу тешко и дека се бори со болеста. Тој се наоѓа во инфективна болница.

Како што е познато, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена објави дека е позитивен на коронавирусот.

„Пеколно тежок ден бил деветтиот најтешкиот, се борам со болеста, тешко дишам, а главата ми пука од температура, но имам јас енергија, мотив и волја“, стои во објавата на Мицкоски, со која му се обраќа на премиерот Зоран Заев кој денеска најави дека е подготвен да разговара со опозицијата за учество во Влада.

Заев напомена дека е расположен за разговори со ВМРО-ДПМНЕ, но дека со Мицкоски не може да се разговара.

Следуваше и реакција на Мицкоски која можете да ја прочитате ТУКА.