Мицкоски: За успешна имплементација на реформската агенда мора да ја завршиме домашната задача

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го одржа неделниот состанок на тема реформска агенда.

Премиерот напомена дека на состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните реформи.

„Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда.

На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните реформи, при што беше нагласена потребата од меѓуинституционална координација и јасна распределба на одговорностите.

Од суштинско значење за успешна имплементација на реформската агенда мораме да ја завршиме домашната задача.“, напиша Мицкоски.