Утре се официјализира Сојузот на Албанците на Села! Таравари му посака среќа и здравје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утре, во недела, крилото на Алијанса за Албанците предводено од Зијадин Села во Тетово ќе го одржи партискиот конгрес. Бидејќи не успеа да ги добие партиските печати, Села ќе ја официјализира новата политичка партија под името Албански сојуз.

Арбен Таравари, кој во моментов располага со партиските печати, му посака „среќа и здравје“ на својот поранешен сопартиец.

Села и Таравари ги разделија политичките патишта во 2024 година, кога едниот одлучи да влезе во коалиција со ВЛЕН, а другиот со Европски фронт.

Оттогаш постоеја две структури на Алијанса за Албанците – едната предводена од Села, а другата од Таравари. Спорот околу партиските печати заврши на суд, но до денес сè уште нема конечна судска одлука за тоа кому законски му припаѓаат.